Дома » Македонија » Дожд на метеори чија максимална активност се очекува на 12 и 13 август

Дожд на метеори чија максимална активност се очекува на 12 и 13 август

Доколку викендов избегате од смогот од вашиот град и имате ведро небо над глава, ќе имате прилика да видите бројни ѕвезди кои паѓаат, односно дожд на метеори чија максимална активност се очекува на 12 и 13 август.

Секое лето во периодот помеѓу 17 јули и 24 август на ноќното небо може да се забележи дожд од метеорски перзеиди.

Максималната активност годинава ќе се случи вечерта од петок кон сабота, кога ќе може да се забележат и до 60 метеори во еден час.

За успешно да сведочите на ретката појава на небото, астрономите советуваат максимално да се одалечите од светлосни извори и од загадувањето во вашиот град.

1 Коментар
  • Doberman
    06/09/2011
    Reply #1

    ke ima sve je moje tvoje :D

Остави Порака:





  • Напишете ја вашата емаил адреса за да ја добиете секоја новост!

  • Facebook Twitter